Полански: Движењето „Ме тоо“ е колективна хистерија

Режисерот Роман Полански изјави дека движењето „Me too“ кое започна со расветлување и борба против сексуалното злоставување од страна на моќните мажи во Холивуд е „колективна хистерија“ и „целосно лицемерие“.

Полански ова го изјави за полското издание на „Њузвик“, во интервју кое го даде само неколку дена откако беше исфрлен од американската Филмска академија по 50-годишно членство и тоа за случај од 1977 година во кој се изјасни виновен за сексуален однос со малолетничка.

Според него, луѓето кои го поддржуваат ова движење го прават тоа поради страв и го спореди со севернокорејските лидери за кои наведува дека се толку интензивни „што не можеш да престанеш да се смееш“.

Извор:  МИА
Објавена на 09.05.2018 17:42:22