За првпат забележан Audi R8 со фејслифт

Суперавтомобилот Audi R8 за првпат е забележан на неофицијални фотографии со нов фејслифт. Иако голем дел од козметичките промени се маскирани со камуфлажната обвивка, се чини дека Audi ќе ги променат предната решетка и отвори, додека се очекува и мала промена кај фаровите.

Тест моделот забележан на фотографиите се чини дека е базиран на постоечкиот R8 V10 Plus, со идентичните двобојни странични елементи и задниот јаглероден спојлер. На задниот дел, најприметна промена се издувните цевки кои имаат овална форма како оние на RS изданијата на Audi.

Се очекува новиот R8 да биде понуден со сегашниот 5.2 литарски V10 мотор, како и со V8 хибридно издание, покрај она со V6 мотор.

Шест цилиндричната верзија би го имала моторот од последните RS 4 и RS 5 модели, додека хибридниот V8 најверојатно ќе ја има истата конфигурација со електрифицирана задна оска која сега ја користи Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid, која создава над 680 коњски сили и 850Nm вртежен момент.

Кога R8 ќе биде комплетно заменет со најновото издание во 2021-ва, постои шанса класичните мотори да бидат заменети со комплетно електрични, што на Audi ќе им овозможи да имаат електричен модел кој ќе му парира на plug-in BMW i8.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.05.2018 11:16:13