Футурама

Inevitek 2 во 1 десктоп гаџет за ладење и загревање

Од гејмери до дизајнери, девелопери и монтажери, сите во еден период почувствувале нелагодност при работата на компјутер поради преголема жештина или студ.

Inevitek е 2 во 1 десктоп гаџет за ладење и загревање, со чија помош ќе се збогувате со премрзнатите или препотени дланки.

Toj е неверојатно тивок и користи многу малку енергија, а има 3 нивоа за инстантно загревање и ладење кои можат да се нагодуваат.

Останатите карактеристики на мултифункционалниот Inevitek се:

- Инфрацрвен грејач од јаглеродни влакна, тројно позлатен

- Ултра тивок вентилатор за ладење со 9 перки и 3 брзини, со хидраулични лежишта

- USB хаб со 3 портови

- Безбедно исклучување – се гаси автоматски во случај на прегревање или кога не се користи

- Држач за кабелот од глувчето

- Паметен софтвер: ги следи температурните нивоа и помага за одржување на идеалните нивоа на студено и топло.

- Се контролира со допир

- Модерен дизајн кој се вклопува во секое опкружување

Моментално за него е во тек Kickstarter кампања, преку која може да се набави по цена од $43 за едно, или $79 за две парчиња.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.05.2018 12:19:37