Футурама

Шпионите од иднината би носеле хемиски шифри на салфетки

Дигиталната сигурност секогаш ќе биде ограничувана од моќноста на шифрите кои ние или нашите компјутери можат да ги смислат.

Но, за работите за кои ќе бидат потребни дополнителни нивоа на сигурност, можеби ќе имаме потреба од комплетно различен вид на енкрипција, која ќе се базира на периодниот систем на елементите наместо на нули и единици.

Истражувачите работат на хемиска криптографија, синтетизирајќи специфични молекули кои би служеле како сигурни шифри базирани на нивните атомски структури.

Така, важни тајни би можеле да се заштитат со малечки примероци на молекули апсорбирани во салфетка, наместо со нивно складирање во куфер отпорен на куршуми кој со лисици е прицврстен за нечиј зглоб.

За да се дешифрира пораката или податоците кои се заштитени, некој би морал да знае каде физички да го добие молекулот/клучот за да се овозможи пристап до нив, кој пак би можел да биде сместен во капка вода која би се апсорбирала во салфетката.

Самиот клуч би се наоѓал во структурата на молекулот, а истражувачите од германскиот технолошки институт Карлсрухер веќе имаат библиотека од 500 000 молекуларни клучеви. За да се дешифрира некоја порака, нејзиниот молекул би требало да биде скениран од опрема која микробиолозите ја користат за да ги анализираат новите состојки во нивните истражувања.

Ваквите хемиски тагови најверојатно нема да бидат премногу корисни во секојдневниот живот на просечната личност, но затоа од нив корист би имале луѓето кои работат во институции врзани со националната сигурност.

Понатаму во иднината, истражувачите се надеваат дека ќе можат да користат и ДНК за истите цели.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.05.2018 11:14:44