Омнибус

7 прекрасни замоци кои можат да се посетат и без „кралски“ буџет

Сајтот booking.com, глобалниот лидер во поврзување на патниците со огромен избор на неверојатни места за престој, од повеќето од 1.6 милиони недвижнини во 128 000 дестинации низ светот одбрал 7 прекрасни замоци кои можат да се посетат и без „кралски“ буџет.

1) Castello di Pavone, Италија

Овој антички замок трансформиран во шармантен хотел е опкружен со тропски градини, а собите освен тоа што се традиционално опремени, нудат модерни удобности.

2) Parador de Cardona, Шпанија

Parador de Cardona изгледа како да е излезен од бајка – нуди панорамски поглед врз каталонските пејзажи, а гостите можат да уживаат во автентичните и превкусни каталонски специјалитети.

3) Castle Hotel, Кина

Хотелот Замок иако се наоѓа во Далиан, Кина, е со дизајн во баварски стил, а се наоѓа на неколку чекори од плоштадот Шингаи (најголемиот плоштад во светот).

4) Ballynahinch хотел, Ирска

Овој хотел нуди уживање во мноштво активности во природата како што се јавање коњи, ловење на птици, или едноставни релаксирачки прошетки покрај езерото.

5) Замокот Роч, Обединето Кралство

Импресивниот замок датира од 12-тиот век, а сите соби му се луксузно декорирани нудејќи прекрасен поглед на британскиот брег и околните пејзажи.

6) Fairmont Le Chateau Frontenac, Канада

Лоциран во Стариот Квебек, овој замок нуди поглед на реката Св. Лоренс и на Стариот град.

7) RAAS Devigarh, Индија

Оваа палата од 18-тиот век се наоѓа во индиското село Делвара помеѓу ридовите Аравали, а гостите можат да уживаат во тивката библиотека или да се релаксираат во просторните апартмани.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 08.05.2018 14:27:59