Омнибус

Како некои иконски градби изгледале во нивните славни денови

Тимот на Expedia бил заинтересиран како разни антички обележја изгледале пред илјадници години, па така најмиле артисти дигитално да реконструираат некои од нив. Еве ги резултатите:

1) Партенон, Грција



Конструиран во 5-тата година п.н.е. на ридот Акропол, Партенонот бил посветен на Атена, грчката божица на мудроста и војната. Храмот создаден од бел мермер во Дорски стил бил оштетуван низ вековите, најмногу кога неговиот центар бил уништен за време на Големата турска војна во 1687.

2) Адрианов ѕид, Англија



Дизајниран на границата на Римската Империја која сега се наоѓа во Англија, ѕидот на Адријан е создаден во 1виот век од новата ера и е структура долга 117km. полна со кули за набљудување и тврдини кои служеле како активни воени постојки 300 години.

Замокот кој се наоѓа на 62-риот километар наречен замокот Ник е познат преживеан камен дел од ѕидот, каде се наоѓале бараки и други воени структури.

3) Храмот Луксор, Египет

Лоциран на она што некогаш бил античкиот египетски град Теба а сега е Луксор, овој храм бил локацијата на годишното крунисување на фараонот.

Еден од преживеаните елементи од овој комплекс е големата колонадна сала висока 60m. во која има декоративни елементи кои ги додал Тутанкамон околу 1330 п.н.е.

Благодарејќи на ископувањата комплетирани во 1960-тите и понатака, археолозите успеале да откријат стотици фрагменти со хиероглифи и цртежи од ритуалите кои се изведувале во храмот, а била откопана и статуа во природна големина на кралицата Нефертари, жената на Рамзес Втори.

4) Нохоч Мул, Мексико



Нохоч Мул е највисоката пирамида на Јукатанскиот полуостров изградена од Маите во 1-от век, која била напуштена кога шпанските освојувачи пристигнале во 16-тиот век. За да се стигне до нејзиниот врв (над 40m.) потребно е да се искачат 120 скалила.

5) Сакра ди Ларго Аргентина, Рим



Остатоците од Сакра ди Ларго Аргентина кои се состојат од 4 храмови кои биле изградени помеѓу 4-тиот и 2риот век п.н.е биле случајно откриени од работници кои завршувале демолирање на некој објект во 1926

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 04.05.2018 08:46:25