Омнибус

Зошто овој црвен фустан крена толкава прашина?

Девојките секогаш сакаат да изберат впечатлив фустан за својата матурска вечер. Токму тоа го направи и 18- годишната Кезија Џинџер Даум, која сакајќи да изгледа поинаку од своите врснички купила традиционален кинески фустан.

Сепак, фотографиите од фустанот за кратко станаа вирални, а таа доби илјадници негативни коментари од луѓе кои ја обвинуваат за културна апропријација.

- Го избрав овој фустан затоа што му се восхитувам како на него така и на неговата културна историја. Некои сметаат дека станува збор за културна апропријација, но тоа не е случајот. Јас на никаков начин не се исмевав со културата. И многу сум изненадена од реакциите зошто го избрав со љубов, вели девојката.

Но, нејзиното „оправдување“ изгледа дека не поминува кај оние кои ја критикуваат. Според нив, таа требала да ја истражи суштината на фустанот и на тоа кога треба да се носи, но наместо тоа избрала да се биде расист и да се брани со незнаење.

Што мислите? Дали изборот на традиционален кинески фустан е навреда или пак луѓето едноставно реагираат премногу бурно?

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 02.05.2018 01:35:20