Новиот Mitsubishi Lancer ќе се прероди како кросовер

Mitsubishi работат на радикално враќање на моделот Lancer во форма на кросовер кој ќе биде ривал на сè од Ford Focus па до Toyoa C-HR.

Бритон Тревор Ман, новиот директор на компанијата, и главниот дизајнер Цунехиро Кунимото веќе почнале да работат на наследниците на сите сегашни SUV модели на Mitsubishi, како и на нова генерација на малечки автомобили и Lancer.

Во екслузивна изјава за Auto Express, Ман открил дека правецот во кој ќе се движи дизајнот на новиот Laner e скоро финализиран и дека на тој модел заедно со Pajero ќе биде работено откога ќе бидат заменети моделите ASX, Outlander и Triton.

Компанијата најверојатно ќе го базира овој модел на последната еволуција на CMF C/D платформата на алијансата која ги вклучува Renault и Nissan, и дека е возможно дизајнерскиот правец на концептот e-Evolution кој беше прикажан на минатогодишниот саем на автомобили во Токио да еволуира во форма на новиот Lancer, кој ќе има потенцијал за погон на сите тркала и прифаќање на хибридните системи на Mitsubishi.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.05.2018 07:26:54