Предизвик од 22 килограми за улога: Паднав во депресија од јадење

Радикалните трансформации во изгледот не се ништо ново за холивудската актерка Шарлиз Терон. Сепак, зголемувањето на тежината за цели 22 килограми со цел подобро да го долови својот лик во филмот Tully се покажа како голем предизвик за атрактивната русокоса.

-Знаете бев мошне изненадена. Започнав да страдам од депресија. За прв пат во својот живот јадев толку многу преработена храна и шеќери. За време на снимањето не бев најзабавната личност околу која би сакале да бидете, раскажува Терон.

-Првите три недели секогаш се најинтересни затоа што се чувствувате како дете во продавница за слатки. Потоа веќе не е интересно. Одеднаш јадењето ви станува работа, додава таа.

За да ја задржи новата тежина за време на снимањето, Шарлиз открива дека морала за станува на сред ноќ за да јаде. Она што е паднало уште потешко е губењето на тежината по завршувањето на филмот.

-Бев загрижена. Си велев на себе си: Ова трае предолго. Кога го снимав „Моnster“, не јадев неколку дена и сè беше во ред. Телото ти е малку поинакво на 27 и на 43, и мојот доктор добро се погрижи да го сфатам тоа, вели Шарлиз.

Денес таа изгледа како воопшто да не качила ниту еден килограм и тешко дека ќе се фрли во нов филмски предизвик каде што ќе треба да поминува низ истата ситуација.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.04.2018 11:22:00