Футурама

NASA го прави идниот ровер кој треба да се лансира во 2020-та

Техничарите на NASA официјално ја започнале фазата на склопување, тестирање, и лансирање на следниот ровер за на Марс чие лансирање се очекува во 2020-та.

Моментално се работи „небесен кран“ напојуван од ракети со чија помош роверот ќе се спушта на површината на планетата – истиот систем кој го има спуштено роверот Curiosity во август 2012-та.

Инженерите и техничарите ќе работат на овој ровер наредните година и половина додавајќи телекомуникациски, навигациски, термални и др. системи, а досега се инсталирани само погонските системи.

Доколку сè оди по планот, Марс 2020 роверот ќе ја истражува геологијата на местото на кое ќе слета (кое сè уште не е објавено), ќе ја проценува погодноста за живот на околината на Марс, ќе истражува знаци на поранешен живот како и природните ресурси и опасности со кои би се соочиле идните мисии со човечки екипаж.

Роверот исто така ќе собира примероци од карпи и почва и ќе ги остава во запечатени туби кои во некои идни мисии ќе се вратат назад на Земјата за понатамошни истражувања, а неговото лансирање е закажано за јули 2020-та на ракетата Atlas V 541 која треба да полета од комплексот за вселенски лансирања 41 во Кејп Канаверал воздухопловната станица во Флорида.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.04.2018 13:57:16