Не ја тепав, модриците и се од масажа

По физичкиот напад на Наташа Беквалац јавно се огласи и нејзиниот сопруг, обвинетиот Лука Лазукиќ кој вели дека вистината за нападот е поинаква од она што пејачката сака да го исценира пред јавноста и полицијата.

-Нападот беше врз мене. Прво агресивно будење, а потоа вербален напад. Физички ме нападна удирајќи ме по телото. Јас само ја тргнав од себе и се обидов да разговарам со неа, вели Лука.

Тој тврди дека Наташа немала повреди пред тој да излезе од домот, а оние кои ги пријавила во полицијата и се од антицелулитната масажа на која што била претходно.

Иако Блиц ги објави првите фотографии од Беквалац на кои се гледа дека таа има модринки по лицето, Лазукиќ е упорен во своето тврдење дека сама си ги нанела.

-Зошто да е невозможно? Јас не сум виновен, судот нека одлучи. Секако дека ќе се борам за вистината, не само за својата туку и за сите мажи кои го претрпеле ова од неа и кои работат по шаблон. Таа жена е подготвена на сè, додава Лука кој воедно вели и дека за целиот скандал дознал од медиумите и сè уште е во шок од тоа што му се случува.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.04.2018 10:42:59