Футурама

Можат ли луѓето да зачнат во Вселената?

Научниците на NASA сакаат да дознаат како спермата се однесува во вселената, па така со Falcon 9 ракетата на Интернационалната Вселенска Станица (ISS) како дел од товарот од 2,6 тони се испратени и нејзини примероци.

Целта е да се дознае дали човекот може да се репродуцира во микрогравитацијата, бидејќи луксузните вселенски хотели и мисиите кон Марс наскоро ќе станат реалност и постои шанса луѓето да зачнат (намерно или ненамерно) во вакви услови.

Во мисијата наречена Micro-11, астронаутите на ISS ќе тестираат дали примероците на човечката,како и спермата до бик, доволно ќе бидат раздвижени и брзи за да се спојат со јајце. Експериментите ќе бидат снимани, а видео материјалите ќе бидат испратени назад на Земјата за анализирање.

Ваквите експерименти се исклучително важни бидејќи некои претходни покажале дека недостатокот на гравитација ја менува функцијата на спермата на Земјата.

Ова не е прв пат спермата да се тестира во Вселената – во 2017, замрзната сперма од глушец преживеала 9-месечно патување до ISS, и со неа биле создадени здрави глувци назад на Земјата.

На оваа тематика има уште многу прашања на кои ќе мора да им се пронајде одговор, како што се: дали луѓето можат да преживеат породување во микрогравитација? Како ќе ги надминеме масивните количини радијација? Дали недостатокот на гравитација ќе влијае врз раниот развој на децата?

На NASA останува сето ова да го дознае, за да знаеме дали човештвото има шанса да се размножува во Вселената и на идните вселенски бази.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.04.2018 10:03:56