Томи Хас објави крај на професионалната кариера

Германски тенисер Томи Хас денеска официјално соопшти дека става крај на својата кариера.
Тој се наоѓа на Мастерсот во Индијан Велс каде ја извршува должноста директор на турнирот.

Веста за збогувањето од професионално играње тенис Хас ја соопшти по мечот меѓу Роџер Федерер и Хјеон Чунг. Токму Федерер е последниот кој го победи Хас во јуни минатата година во Штутгарт.

39-годишниот Хас во кариерата има 539 победи и 338 порази со освоено 15 АТП титули. Има сребрен медал од Олимијадата во Сиднеј 2000 година.
На АТП листата највисоко с еискачил до втората позиција.

Извор:  МИА
Објавена на 16.03.2018 14:48:38