Зехофер: Исламот не е дел од Германија

Новиот германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска истакна дека „Исламот не е дел од Германија“.



- Германија е христијанска земја, изјави Зехофер, додавајќи дека со тоа доаѓаат слободни недели, црковни празници, како и ритуали за Велигден, Божиќ и други празници.
Изјавата на Зехофер за „Билд“ дека „Исламот не е дел од Германија“ е во спротивност со пораката на поранешниот германски претседател Кристијан Вулф, кој во 2010 година ја покрена дебатата за миграцијата велејќи дека „Исламот е дел од Германија“.

Оваа реченица на Вулф во 2015 година, за време на протестите на групата Пегида, ја повтори и германската канцеларка Ангела Меркел.

- Муслиманите кои живеат кај нас се разбира дека се дел од Германија. Но, тоа не значи дека поради тоа треба да се откажеме од нашите традиции и обичаи, истакна Зехофер.

Извор:  МИА
Објавена на 16.03.2018 14:38:55