Сеул: Шинѕо Абе сака преговори со Северна Кореја
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска изрази желба за преговори меѓу Јапонија и Северна Кореја, соопшти Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин.
Како што се наведува во соопштението, ваквата идеја Абе ја изнел во денешниот телефонски разговор со Мун.
Мун и Абе во разговорот се заложиле и за сорабока во решавање на проблемот со Јапонците киднапирани од страна на Северна Кореја во текот на 70-те и 80-те години од минатиот век.
Извор: МИА
Објавена на 16.03.2018 14:35:32