Хорор филмот „A Quiet place“ ги освои критичарите

Хорор филмовите се повторно во мода. После триумфот на сензационалниот „It“ се појави филмот „A Quiet place“ кој ги собра сите позитивни критики.  Интересниот факт за овој филм е што на сајтот Rotten Tomatoes во рекорден рок доби оцена 100%.



Приказната на филмот се врти околу чудовиште кое убива луѓе доколку слушне и најмал шум, па затоа е од голема важност тие да бидат многу тивки.
Режисерот на филмот, Џон Красински ни е добро познат по својата улога во серијата „The Office“, но и по бракот со неговата жена Емили Блант која ја глуми новата Мери Попинс.

Во новиот хорор на Џон ќе ги видиме нив двајца како се борат да бидат што потивки за да не бидат убиени од чудовиштето.

Американската премиера е закажана за  6-ти април.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.03.2018 13:53:33