Многумина од вас ќе се согласат дека чоколадото е највкусното задоволство кое можете да си го пружите.
Овој четврток, Давор од Dave`s Kitchen има супер рецепт за тоа како да го извлечете максимумот од чоколадото – чоколадни тартуфи кои нема да ве остават рамнодушни.
Потребни состојки:
- 200 гр. темно чоколадо (со минимум 70% какао делови)
- 200 мл. слатка павлака
По желба во смесата може да додадете:
- 1 лажичка ванила
- 1 лажичка кремав ликер по ваш вкус
- 1 лажичка инстант кафе (ќе го истакне чоколадниот вкус многу повеќе)
Начин на подготовка:
Во тенџере на оган загрејте ја слатката павлака со промешување од време на време до точка на вриење (но смесата не треба да зоврие).
Во друг сад искршете ја чоколадата и полејте ја врелата слатка павлака. Покријте го садот со чинија околу 3-4 минути и промешајте додека не се растопи комплетно чоколадата од топлината. По желба додадете ванила, ликер или кафе.
Смесата претурете ја во рамно помало тавче така што ќе го наполните 1 см високо. Оставете во ладилник да се стегне околу 2-3 часа или доколку сакате да ги подготвите побрзо ставете ги околу 20-30 минути во замрзнувач. Со помош на калапче во форма на ѕвезда или калапче по ваш избор исечете ги чоколадните тартуфи и ставете ги во чинија. Нарусете какао и послужете.
За повеќе интересни и креативни рецепти посетете ја ФБ страницата на Давор, Dave`s Kitchen.