Редовните вежбачи остануваат млади

Еве уште еден доказ дека редовното вежбање е најдобриот лек. Британски истражувачи ги тестирале мускулите и имунолошките системи на средновечни и постари (до 79год.) велосипедисти и заклучите дека тие биле поздрави од оние на далеку помлади личности (20-36год) кои воопшто не вежбале или тоа не го правеле редовно.

Ова ни кажува дека останувањето физички активен целиот живот може да го спречи и имунолошкото стареење.

Тимот кој ги вршел експериментите земал примероци од мускули од доброволци – 125 машки и женски велосипедисти на возраст од 55 до 79 години, кои редовно возеле велосипед на долги дистанци – 50 до 100km дневно.

Податоците добиени од нив биле споредени со 75 луѓе на нивна возраст кои не вежбале и со 55 помлади кои исто така не вежбале.

Постарите велосипедисти немале изгубено мускулна маса, имале здраво ниво на холестерол, немале масни наслаги како неактивните личности, а нивните имунолошки системи делувале 30 или повеќе години помлади.

Студијата сугерира дека очекуваниот губиток на имунолошката заштита не е предизвикан само од стареење, туку и од недостаток на физичка активност, а научниците се надеваат дека ваквите студии сè повеќе ќе ги охрабруваат возрасните што подолго да останат физички активни.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.03.2018 14:20:32