Мејсон ја завршува кариерата на 26 години

Фудбалерот на Хал, Рајан Мејсон, е принуден да ја заврши својата кариера на 26-годишна возраст поради фрактура на черепот добиена минатата година на дуелот со Челзи, објави Би-Би-Си.



На тој натпревар Мејсон доби силен удар по судирот со глави со Гери Кејхил, по што мораше да се подложи на операција.
- Се обидов да закрепнам и да се вратам на теренот, но по консултации со лекарите донесов одлука да с е повлечам. Таква е природата на повредата и принуден сум на таков чекор, изјави Мејсон.

Фудбалерот кој има и еден настап за репрезентацијата на Англија, помина низ помладите категории на Тотенхем, но најголем дел од својата кариера мина во клубови од понизок ранг се до трансферот во Хал во 2016 година.

Извор:  МИА
Објавена на 13.02.2018 16:05:01