Футурама

Масивна купола од лава под Јапонија

Антички подводен вулкан одговорен за една од најголемите супер-ерупции во историјата се чини дека прави тивки подготовки за неговото неизбежно враќање.

Кикаи Калдера уништил голем дел од јапонскиот архипелаг кога за време на ерупцијата Акахоја пред околу 7000 години исфрлил над 500 кубни километри магма, а научниците сега потврдија дека под кратерот повторно има вулканска активност.

Истражувачите од универзитетот Кобе детектирале огромна купола од лава под Кикаи Калдера, која содржи над 32 кубни километри заробена магма. Истата може да открие детали во врска со тоа кога може да се очекува следната супер-ерупција.

Според претходните истражувања, постои околу 1% шанса за ерупција со катастрофални последици во следните 100 години, која би довела во опасност околу 110 милиони луѓе.

Постоењето на куполата е потврдено со сонари, истражувања со подводни роботи и анализи на сеизмичка рефлексија, но тоа не значи дека ерупцијата би се случила скоро.

Куполата хемиски се разликува по последната супер-ерупција, сугерирајќи дека нови залихи магма се развивале над 7000 години, а активноста која сега се случува е подготовка за нова фаза која би водела кон следна ерупција.

За каква точно активност се работи сè уште не е јасно, но некои истражувачи тврдат дека можеби се работи за создавање на помали куполи, а не за една огромна комбинирана маса.  Следниот месец ќе следува нова експедиција кон Кикаи, со цел да се извршат дополнителни анализи и да се добие попрецизна слика за случувањата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.02.2018 13:35:17