Шерон Стоун: Имав само 5 проценти шанса за преживување

Шерон Стоун претрпе шок на возраст од 43 години кога доживеа мозочен удар.

Таа откри дека повторно морала да научи дел од основните човечки вештини како одење, зборување и пишување.

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on



Дискутирајќи за својот инцидент таа зборуваше и за нејзините омилени телевизиски емисии и какво влијание имале врз нејзиното закрепнување. Актерката призна дека се има поистоветувано со документарниот филм My Beautiful Broken Brain чија приказна е иста како нејзината, додека една од опсесиите и е The Crown.

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on



-Во 2001 имав мозочен удар и деветдневна мозочна хеморагија што го промени мојот живот засекогаш. Имав само пет процентна можност за преживување. Кога дојдов дома после ударот, едвај можев да се движам. Мојот колк беше нестабилен. Не можев да гледам со левото око и не можев да слушам со левото уво. Не можев да си го напишам моето име речиси три години. Морав да научам да читам, пишувам и повторно да зборувам. Потребни беа години за да се врати чувството во мојата лева нога, но конечно се врати, отворено зборуваше Шерон.

Познатата актерка објасни дека телевизијата била една од работите кои најмногу и помогнале во нејзиното закрепнување и дека сега е опседната со тоа.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.02.2018 11:28:14