Исчистете ја пудрата од вашата блуза со едноставен трик

Колку и да се обидувате да бидете внимателни, сепак сигурно ви се има случено да ви капне од пудрата за време на вашето разубавување или пак да ја извалкате омилената блуза додека ја облекувате.

Во таква ситуација сигурно ви е потребно итно решение кое ќе ја тргне дамката пред таа да се исуши. Иако изгледа невозможно, сепак постои еден трик кој ќе направи таа да исчезне.



Ставете мала количина на пена за бричење директно на дамката и протријте ја.
Оставете да постои неколку минути, а потоа ставете ја во машина за перење или исперете ја рачно.
Дамката треба да ја снема веднаш по првото перење.

Доста важно е да се знае дека овој трик не функционира на облеката на чија етикета пишува дека за неа е потребно исклучиво хемиско чистење.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.02.2018 10:09:26