Омнибус

Билки кои може да ги одгледувате и во затворен простор

Билките често наоѓаат примена во кулинарството и медицината. Но, не сите луѓе успеваат да  консумираат свежи билки, па ги користат во сува форма.
За среќа, постојат билки кои може да се одгледуваат и во домашни услови, а се богати со хранливи материи и имаат убав вкус.

Босилок

Босилокот може да се одгледува дома на многу едноставен и лесен начин. Тој е полн со антиоксиданти, има антивирусни својства и обезбедува бројни придобивки. За да можете да го одгледувате ова растение потребно ќе биде да го насадите неговото семе и да го полевате два пати неделно. Она што треба да го знаете за оваа билка е дека треба да ја чувате исклучиво на топло место бидејќи не сака ниски температури.

Стевиа

Стевиата претставува билка која е најпогодна за оние кои имаат проблем со својата тежина, но и за дијабетичарите. Има одличен вкус кој е за 200 пати поблаг од шеќерот, а сепак не е ни малку штетна колку него.
За нејзино одгледување потребно ќе биде да скратите стебленце од иста билка кое треба да стои во вода неколку дена. Откако ќе пушти коренчиња треба да се пресади во земја.

Нане

Нането освен што има пријатен вкус има и пријатен мирис. Се смета за најлековита билка во нашите краишта која освен што лекува грчеви се препорачува и како лек за несоница.
Добро е познато дека нането има моќ да ги смири и острите менструални болки. За да го одгледувате подобро е да купите садница и да ја пресадите на место каде ќе има доволно простор. Освен тоа потребна му е многу сончева светлина и доволно влажна земја која треба да ја наводнувате секои два дена.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.02.2018 10:48:38