Претставена спортската верзија на Giulietta-Alfa Romeo Giulietta Sport

Alfa Romeo претставија нова, спортска верзија на нивниот хечбек модел Giulietta, со подобрена опрема и мали визуелни промени.

Giulietta Sport  има 17-инчни алуминиумски баднажи со 5 дупки како оние на Giulia Quadrifoglio supersaloon моделот, додека сплитерите напред и назад имаат црвени детали на рабовите. Во дополнителната опрема спаѓаат и затемнети задни прозорци, светла за магла, и „екстра-голем“ двоен ауспух, додека бојата му е Misano Blue сината нијанса која досега беше резервирана само за моделите Giulia и Giulietta Veloce.

За новата Giulietta Sport ќе бидат понудени два мотори – 1.4 литарски турбо бензински од 118 коњски сили со забрзување од 0-100км/ч за 9.4 секунди и потрошувачка од 19km/l, и подеднакво моќен 1.6 литарски дизел со забрзување од 0-100км/ч и потрошувачка од 31Km/l.

Спортската Giulietta ќе има и „техно-кожен“ волан, 5-инчен Uconnect infotainment систем, системи за контрола на климата и крстарењето, како и наслон за раце на предните седишта.

Почетната цена за бензинската верзија на Giulietta Sport ќе биде 23 700 евра, и 25 200 за дизелот. Misano Blue нијансата ќе чини дополнителни 600 евра.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.02.2018 09:33:24