Футурама

Предвидување на бури и до 3 недели однапред

Секоја година, врнежите град предизвикуваат милијарди долари штета (само во САД) уништувајќи кровови, домови, автомобили и разни земјоделски култури .

Сега, нова студија идентификувала начин да се предвидат големи бури со врнежи од град до 3 недели пред да се случат.

Истражувањето било извршено од метеорологот Виктор Генсини од универзитетот на северен Илиноис и Џон Ален од универзитетот од централен Мичиген.  Тие ја утврдиле силната врска помеѓу моделите на движењето на одредени воздушни сили над Тихиот Океан и фреквенцијата на бури со град во САД, користејќи го принципот на работа кој претходно функционирал во нивното предвидување на торнада.

Податоците од количината на паднат град помеѓу 1979 и 2016 биле споредени со промените во индексот на глобалната осцилација на ветриштата (GWO), податоци поврзани со климата и временските прилики кои научниците ги користат да ја измерат тропската влага и енергијата во атмосферата. Сите овие фактори комбинирано ја зголемуваат можноста за создавање бури кои можат да еволуираат во торнада.

Истражувачите откриле дека 4 од 8 фази од кои се состои овој индекс се добри индикатори за потенцијалните бури со град за време на сезоната на бурите.

Предвидувањето на врнежите град е тешко бидејќи нема јасна дистинкција помеѓу бурите кои создаваат и не создаваат град, а се работи на развивање на метода со користење на двојно поларизирани радарски податоци за да се подобрат системите за рано предупредување.
Закажани се повеќе тестови за на пролет за да се утврди колку точни ќе бидат предвидувањата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.02.2018 10:17:03