Кој чека ќе дочека...А можеби и не!

Мишел и Барак Обама ја добија својата покана за кралската венчавка што треба да се одржи во мај, а  Доналд Трамп повторно остана со куси ракави.

Актуелниот претседател не е меѓу листата на поканети гости на кралското семејство, најверојатно поради тоа што и не и најомилен на идната невеста, која претходно јавно ја критикуваше неговата политика.

Кога Пирс Морган во едно интервју му постави прашање на Трамп околу кралската венчавка, претседателот се најде затекнат во незгодна ситуација.

Морган го притисна Трамп околу тоа дали сака да оди или не, но претседателот на САД вешто го избегна со одговор дека тој само посакува тие да бидат среќни и дека изгледаат како прекрасна двојка.

 

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.02.2018 12:38:26