Рајан Гослинг оваа година го снимаше мјузиклот „La La Land“ заедно со Ема Стоун. Овој филмски пар ни стана омилен по романтичната драма „Crazy, Stupid Love“.
Овој пат, тие двајца повторно се вратија на малите екрани, но со малку поразлична приказна. Филмот веќе почна да се прикажува во нашите кино сали, а верувам дека и многумина од вас веќе го погледнале. Според многу филмски критичари, актерите на овој филм можно е и да добијат Оскар, а најверојатно и Рајан ќе се најде во трката за најдобар актер токму поради филмот „La La Land“.
Освен со овој филм, Рајан беше зафатен и со снимањето на филмот „Blade Runner“, заедно со Харисон Форд. Овој филм се уште не е излезен, но се очекува истиот да ја доживее својата премиера идната година.
Магазинот GQ го искористи времето додека Рајан се уште не е Оскаровец за да направи интервју со него, во кое што тој отворено зборува за својата кариера, но и за неговиот приватен живот. Во прилог ви го пренесуваме интервјуто.
Како изреагира кога Харисон Форд силно те удри со бокс за време на снимањето на „Blade Runner“?
- Знаете, тоа за мене беше многу важен момент. Бевме на сред сцена со тепање и се случи тоа. Најсмешно беше кога заврши, па сите ми носеа мраз да си ставам на лицето, но Харисон ме турна, ми го зема мразот и си го стави на неговиот зглоб.
Што е она што те загрижуваше за време на „La La Land“?
- Се грижев да не бидеме смешни. Луѓе се појавуваат во песни, танцуваат, летаат кон ѕвездите, а публиката мора да ги прифати како вистински луѓе во светот. Тоа беше вистински предизвик. Уште повеќе се плашев, бидејќи филмот не е критичен. Нема ништо цинично за овој филм и не може да кажеме „Добро, само се шегувавме“. Не може да сме иронични во врска со приказната.
Каква е твојата мајка?
- Таа е забавна. Кога бев мал ме будеше наутро да го гледам Џони Карсон, Абот и Костело. Знаеше дека нивните монолози се посебни и навистина сакаше да ги засакам тие работи. Таа е академик, учеше да стане професор. Јас не сум академик, но ме научи како да се носам со мојата љубопитност, која ја наследив од неа.
Какво е твоето семејство моментално?
- Ева е мајка каква што може само да сонувате и моите деца се исто такви, па како да живеам во некој сон. Многу сум среќен.
Дали си добар татко на твоите две ќерки?
- Кога ги запознаваш своите деца, сфаќаш дека тие ги заслужуваат најдобрите родители. Потоа, се соочуваш со некои потешкотии, но се трудиш да бидеш личноста која тие ја заслужуваат.