Бриџит Џонс повторно ги полни кино салите овој пат со третото продолжение од филмот „Bridget Jones's Baby“. Рене Зелвегер го врати стариот шарм на ликот и нè потсети на тоа зошто толку многу ја сакаме оваа филмска франшиза.
Во интервју за Popsugar, таа и режисерката Шерон Мегвајар зборуваат за идеите и темите кои што се провлекуваат низ третиот дел, а воедно и за тоа што е она што најмногу ја поврзува Рене со ликот на Бриџит.
Нервоза поради репризирањето на улогата
- Кога ми го испратија сценариото, бев пресреќна поради повторното обедување на тимот и се потсетив колку многу го сакам ликот. Ги сакам нејзините пријатели и родители, нејзиниот свет...Но, потоа многу се исплашив и си реков „Боже, не сакам да го уништам ова“ бидејќи кога ја открив во книгите, како и многу други луѓе, се заљубив во неа. Сите ја сакаме и таа има големо значење за нас. Не сакав никого да разочарам. Но, во секој случај тоа беше најсреќното обединување. Беше многу забавно повторно да се биде во нејзините чевли , начинот на кој таа оди, се смее, зборува и воопшто како се носи.
Како Бриџот Џонс ги отсликува нашите секојдневни борби
- Се препознаваме во нејзината борба, а не само во предизвиците со кои што се соочува, туку во борбата да се прифати онаква каква што е. Таа ја претставува вистината, на тоа кои сме, наспроти тоа кои сакаме да бидеме.
Бриџит дотурка далеку по вториот филм
-Во овој дел, таа е посамоуверена и ја слуша својата интуиција. Сфаќа дека социјалната парадигма за среќа не може да се примени секаде и дека е во ред сам да определиш што е среќа, дури и кога тоа не е во рамките на конвенционалното размислување. Знаете дека таа е добро, кога наместо да се труди да го достигне нивото, таа сфаќа дека и онака може да биде среќна.
Како филмот ја потврдува идејата дека стареењето е застрашувачко, но и возбудливо
-Губиш многу нешта кога си во своите 40-ти. Овие години се важни. Се откажуваш од идејата што требало да се случи во твојот живот и почнуваш да губиш пријатели. Ја менуваш перспективата што ја имаш за животот и нештата кои ги цениш. Во моментот кога ќе престанеме самите да си стоиме на патот и да се потценуваме така што се задоволуваме со нешто што не значи дека му одговара на нашиот живот, тогаш почнуваме да напредуваме.
Зелвегер постојано е поврзана со фановите поради Бриџит Џонс
-Многу луѓе ми приоѓаат и ми велат„Не сфаќаш Рене, јас сум Бриџит Џонс!“ и ја споделуваат својата приказна со мене. И сфаќам дека е навистина така. Ако сите се посветиме на својот внатрешен дијалог ќе сфатиме дека имаме многу заеднички нешта едни со други. Сите го чувствуваме истиот притисок да ги достигнеме стандардите кои ги наметнува општеството и сите го делиме истиот страв дека можеби нема да успееме во тоа. И сите вршиме притисок врз себе. Се самопотценуваме.
Режисерката смета дека Зелвегер му дава длабочина на ликот
-Таа е многу пофина од Бриџит. Му дава 10 слоја на ликот, љубезна е колку сите ние заедно. Бриџит има еден вид на самоомраза во комбинација со погрешно себе сфаќање. Додека Рене му носи на ликот многу сочувствителност. Таа додава 7 слоја на топлина кон сето тоа.
Пар совети од режисерката за 32-годишната Бриџит
-За мене работењето на сценариото, 15 години подоцна и целото тоа искуство се вртеше околу фантазиите за животот и како тие не се реализираат. И затоа би и рекла, знаеш што, сето она што си го замислила најверојатно нема да се исполни. Но, животот ќе ти понуди нови фантазии и затоа оди по нив. Животот ќе ти даде поинаков шпил карти и ќе мораш таму да ги најдеш новите фантазии.
Марк Дарси овој пат не е толку самоуверен
-Колин Фирт сега е многу поранлив во улогата на Марк Дарси. Тоа е многу покомплициран и ранлив. Тој тип на ранливост повторно може да се насети во ликот.
Аспект од филмот со кој Рене најмногу се поврзува
-Темата на овој филм е дека нејзините пријателки продолжиле со животот. Имаат семејства, имаат партнери и со тоа нивните животи се сменети. Врз основа на она што го имам јас искусено со луѓето со кои сум блиска, еволуираш кога ќе станеш мајка. Стануваш поголема верзија од себе. Стануваш помоќна верзија од себе, целосно реализирана верзија. Ги гледам сите од моето семејство и моите пријатели како еволуираат на тој начин, додека јас цветам малку подоцна. Интересно е да се биде хронолошки на таа возраст, но да не се доживее истата трансформација што ја доживуваат најблиските. Чудно е и преставува уникатна самотија бидејќи треба да го дефинираш својот раст на друг начин и да се трудиш да го постигнеш без отсуството на тоа нешто што природно би те направило среќен.