Интервју

Еден ден од животот на Маргот Роби

Сексапилната Маргот Роби моментално е мошне популарна по улогата во филмот „Suicide Squad“, во која глуми луд психијатар, што се заљубил во свој пациент. Улогата ја доведе до совршенство, па токму затоа има многу понуди за улоги на феминистки и заводливи девојки.

Таа е секс симбол на денешницата и многумина започнаа да гледаат филмови само поради неа. За да навлеземе подлабоко во нејзиниот живот, за читателите на Harper's Bazaar сподели како изгледa еден нејзин ден, а ние ви го пренесуваме во целост.

14:00

Немам некоја стриктна дневна рутина. Тоа зависи од работата на која работам, а во моментот се наоѓам во Букурешт, каде што снимам филм наречен „Terminal“. Јас сум во главната улога и плус сум продуцент на филмот, па имам многу обврски. Снимаме навечер, за што сум многу среќна затоа што не сакам да станувам рано наутро.

Овие денови станувам попладне и земам за пиење прав за подобрување на имунолошкиот систем, кој се меша во малку сок. Мајка ми го правеше кога бев болна, но сега кога работам турбо го пијам секојдневно. Откако ќе го испијам, се туширам. Потоа ставам некои козметички средства, како што е крем за очи, хидратантен крем и пијам многу чај. Кога и да порачам чај секогаш велам „Замисли дека го правиш чајот за мало дете – со многу млеко и шеќер“. Мислам дека пијам по 10 чаеви на ден, но како не би пиела кога чајот е одговор за сè? Кога влегуваш некаде, ти нудат чај. Ако не ти е добро, повторно ќе ти понудат чај. Ако се случи нешто убаво, повторно се прави чај.

14:20

Сега облекувам некои комфорни алишта и заедно со мојот професор за дијалекти влегуваме во автомобилот и правиме некои вежби на патот кон работа. Денес работиме на англискиот акцент, не премногу лондонски, но сличен на него. Акцентот мора да се прилагоди на ликот. На YouTube гледам разни истражувања за акценти. Неверојатно е колку бизарни и уникатни акценти има на интернет. Потоа, ги конвертирам во MP3 и ги снимам на мојот iPod. Ги слушам и ги изговарам во текот на денот. Во филмот „Suicide Squad“ на пример, снимав сцена каде што добивам електричен удар и морав да истражувам на YouTube какви звуци испуштаат тие луѓе додека се во контакт со струја.



15:00

Пристигнав на местото на снимање и одам да ми ја направат косата и шминката. Во филмот имаме многу екстравагантни изгледи, бидејќи се работи за футуристички свет. На некој начин земаме инспирација од фризурата на Гвен Стефани. Во исто време, пишувам маилови на MacBook и јадам. Тост со авокадо и сланина е идеалниот појадок за мене. Денес всушност изедов половина шницла. Интересно е што два дена по ред одам во еден ист ресторан за шницла. Како и да е, да се вратиме на шминкањето.

Шминкерите користат шминка каква што сметаат дека е најдобра за улогата, но не ставам кармин бидејќи се размачкувам, па користам сјај. Секогаш избирам нови парфеми кога снимам нов филм, за да ги дефинирам различни улоги. За среќа, пред да започне снимањето на филмот, имав снимање за кампања на Calvin Klein, па ми дадоа примерок од Deep Euphoria, кој ќе го промовираат во септември. Си помислив дека е одличен за улогата која ќе ја глумам. Одличен тајминг. Deep Euphoria има остар, но феминистички мирис. Играм еден вид на фатална жена, па мислев дека ми треба некој парфем со секси нота.



17:00

Ова е време кога почнуваме со снимање. Бидејќи сум и продуцент на филмот, постојано се појавуваат проблеми кои мора да се решат, па работите знаат да бидам многу напорни.

22:00

Имаме пауза за ручек и ја користам за да ги закажам сите  конференциски повици и интервјуа. Потоа почнуваме повторно да снимаме до доцна во ноќта.

5:00

Денот е навистина долг. Брзам накај дома за да си легнам и да се наспијам повеќе. Почесто ме фаќа несоница, па користам маски за очи, слушам музика за спиење и ставам многу смирувачки мириси. Правам сè, за да спијам подобро. Не можам да стигнам дома и веднаш да заспијам, ми треба подолго време да го исклучам мозокот.

6:30

Сакам да се „туширам со пиво“ – да пијам пиво додека се туширам. Кога го снимав филмот „Whiskey Tango Foxtrot“ сакав само да си одам дома, а костимографката постојано велеше: И јас сакам да си одам за да пијам пиво во када и да си заспијам потоа. Помислив дека тоа звучи одлично. Па, сега кога си доаѓам дома од работа често пијам пиво додека се бањам.

Исто така, луда сум по Хари Потер, иако сум ги прочитала книгите 20 пати, ги читам пред спиење бидејќи ми помагаат да си го исклучам мозокот. Чувствувам дека мозокот ми изгледа подобро ако сум повеќе часа спиена отколку да поминам еден час во теретана. Ако имам време, сакам да одам на часови по танц, кои не ми изгледаат како вежбање. Или можам само да играм некој спорт со моите пријатели. Некогаш играм тенис, иако не сум толку добра. Ако сум во Лос Анџелес, одам да ја посетам Анди Хекер. Таа беше балерина и вметнува техники од балерина за време на нејзините часови по пилатес. Иако живеам во Лондон, секогаш одам во Лос Анџелес за работа.

Австралија секогаш ќе биде мојот дом, но немам живеено таму шест години. Сакам да патувам и да живеам со моите куфери. Поседувам 12, бидејќи некогаш земаш само еден, а излегува дека ти треба уште еден и купуваш од земјата во која си на посета. Некои имаат колекции од чанти или високи потпетици, јас имам колекција од куфери.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 20.08.2016 09:43:33