Скопје оваа пролет доби ново луксузно здание во центарот на метрополата. Marriott, еден од најпрестижните синџири на хотелиерство од сега ќе биде достапен и за граѓаните на Скопје, но и за туристите кои го посетуваат.
По тој повод разговаравме со Дирк Влиербум, Генерален менаџер на Скопје Мериот, а повеќе за деталите за самиот хотел во интервјуто подолу.
Хотел Marriott се отвори пред месец дена. Веќе ги примивте и првите гости. Кој е фидбекот, коментарите, забелешките, како од луѓето што престојуваат, така и од останатите кои имале можност накратко да ѕирнат во внатрешноста на хотелот?
- Ги отворивме нашите врати на 11 мај. И пред да отвориме имавме голем интерес за хотелот и неговите содржини. Откако отворивме, фидбекот кој го добивме е многу позитивен и охрабрувачки. Нашите гости особено коментираа за дизајнот на хотелот, локацијата (секако), просториите, особено собите со уникатниот Мериот душек, спа центарот, како и љубезноста на сите наши вработени.
Која беше причината за одбирање на локацијата на хотелот - Плоштадот Македонија? Дали тоа беше повеќе од практична гледа точка или нешто друго?
-Нашиот сопственик ги контактираше Marriott International со неговата визија да се изгради хотел во Скопје. Секако, кога беше идентификувана точната локација, бевме навистина заинтересирани да го оствариме овој проект и да станеме најголемиот интернационален хотелски бренд во Скопје. Како што знаете, локацијата за секој проект е клучен фактор во неговиот иден успех, така што сме навистина среќни што сме таму каде што сме.
Што е она што од една страна што го прави поразличен од другите хотели од франшизата, а што е пак она што го има заедничко со синџирот хотели Marriott?
-Marriott International им нуди на нашите инвеститори и сопственици голем број на договори. Нашиот хотел во Скопје е менаџиран од страна на Marriott International, не e франшиза.
Marriott е еден од 19-те различни брендови кои ги нуди Marriott International. Поради природата на нашиот договор, ги имаме предностите на сите Marriott искуства во отворање и менаџирање хотели. Фокусот е особено на полето на услугата и исполнување на очекувањата на нашите патници. Имајќи добро-воспоставен бренд ни овозможува навистина да се фокусираме на доставување на персонализирани, конзистентни и динамични услуги. Ние не нудиме само услуги на гостите, ние сме нивни домаќини и тоа е клучот за креирање на атмосфера во која нашите гости се чувствуваат ценето и сакаат да се вратат. Скопје
Мериот нуди одлични содржини и за туристите и за бизнис патниците. Greatroom лобито – заштитниот знак на Marriott, нуди отворена, флексибилна лаунџ просторија за релаксација на гостите. Катчето за вкусови во хотелот е Дистрикт ресторанот и двата бара, кои нудат голем избор на локални вина и оригинални коктели. Уникатната архитектура на ентериерот, како и дизајнот на екстериерот на хотелот даваат чувство на место за релаксирање.
Каков тип на клиентела најчесто престојува во хотелот? Дали има интерес кај оние кои доаѓаат туристички да ја посетат Македонија или се на бизнис патување?
- Интересот за престој во нашиот хотел расте со секој ден и добиваме резервации од најразлична природа. Имаме и туристи на одмор и бизнис патници кои престојуваат во Скопје Мериот. Сепак, квалитетот и беспрекорниот третман се првото и последното нешто кое го правиме, без разлика дали гостинот има резервирано бизнис престој со едно ноќевање, или пак го испланирал целиот 10-дневен одмор тука, дали резервирал маса во Дистрикт или третман во спа центарот.
Хотелот има капацитетот од 164 соби (меѓу кои и апартмани и луксузен претседателски апартман). Во кој ранг се цените? Дали може да се најде сместување и за оние со поплиток џеб, односно дали има соби од повеќе категории?
На секој пазар анализираме и истражуваме што е достапно на пазарот во поглед на конкуренцијата, сезонскиот карактер, побарувачката и цените. Имаме голем избор на различни типови на соби и нудиме поволни цени, особено доколку се резервира пред време, така што сме сигурни дека ќе им се допаднеме на голем број на патници.
Кога сме веќе кај престојот во самиот хотел, што имаат клиентите на располагање додека се дел од Marriott хотелот? Собна услуга, фитнес центар, ресторани, барови и слично...
-Создадовме приказна, која започнува од самиот влез на хотелот и со секој понатамошен чекор, се развива во друга димензија. Нашето Greatroom лоби е местото каде може да се социјализирате, јадете или работите, да се поврзете, или пак да се исклучите. Дистрикт Барот и Кујната е место каде може да се јаде во текот на целиот ден, место кое е уникатно со неговата отворена кујна. Единствено е од ваков тип во Македонија, каде гостите може да гледаат како се подготвува нивната храна. Имаме специфичен начин на услуга и креативно мени. Дополнително, нудиме 24 часовна собна послуга и прекрасен Executive Lounge простор, со свој приватен двор, каде луѓето може да се релаксираат и да уживаат во дополнителни услуги кои ги нуди овој простор. Нашиот Спа и Фитнес центар овозможува персонализирано искуство не само на гостите на хотелот, туку и за секој кој сака да ужива и да се препушти во нашето раскошно и убаво бегство од обврските. Нудиме безбројни простории за релаксација, 4 типови на сауна, внатрешен базен, џакузи и фитнес.
Што може гостите да очекуваат од менито т.е. од храната? Дали според стандардите на самата франшиза таа е претходно одредена и фиксна или пак се прилагодува на поднебјето на кое се наоѓа самиот хотел?
-Ќе забележите дека храната и пијалаците во Дистрикт се уникатни и вкусни и исто така креативни. Нашето мени на салати е дизајнирано на начин на кој може самите да ја креирате сопствената салата. Ги комбинираме локално произведените намирници со Источноевропски и Медитерански влијанија. Ресторанот го менува својот физички изглед, стилот на услугите и менито во текот на денот, додека служиме појадок, ручек и вечера таму. Нашиот Шеф на кујна, Питер Татар, има над 15 години искуство во Marriott International и со многу години меѓународно искуство. Тој сака да се изразува преку храната која ја произведува.
Колку одржувањето на конференции, семинари е значајно за развојот на хотелот и воопшто за развој на хотелиерството? Дали шансата за успех на хотелот е во развој на тој сегмент, или пак може да се преживее и само со класичен туризам?
-Организирање на конференции, семинари и разни типови настани е важно за нашата работа. Во хотелската индустрија има едно правило – нема поголем трошок од празна соба. Поради тоа, поради сеопфатноста и професионализмот на нашата работа, за нас е подеднакво важно да го понудиме најдоброто во двата сегменти. Со 8 функционални простории од вкупно 800 метри квадратни флексибилен простор за состаноци и настани, комбинираме елеганција и функционалност, за да понудиме совршени простории за состаноци и исклучителни настани. Скопје Мериот исто така нуди нов концепт за одржување состаноци, венчавки или било каков друг тип на настан. На meetingsimagined.com може да најдете илјадници одлични идеи, трендови и слики кои ќе ви помогнат да создадете собири кои имаат поголем ефект и инспирираат. Гостите ја имаат целосната поддршка на тимот на Скопје Мериот во организацијата на настани. Секој настан ќе биде организиран посебно, според потребите на гостинот.
Колку сте задоволни од вработените кои веќе се дел од Marriott тимот, дали тие успеаја за кратко време да ги совладаат сите вештини кои се потребни за нивните работни позиции?
-Нашите вработени, лицата кои се одговорни за гостите се брилијантни. Буквално имавме илјадници апликации за позициите за кои баравме вработени. Откако започнаа, тие поминаа голем број на обуки, особено учејќи за нашата култура и како работиме во Marriott. Тие поминаа многу часови учејќи го ова, секогаш со голема страст, ентузијазам и гордост. Сепак, како што сакаме да кажеме во Marriott, „Успехот никогаш не е конечен”, така што од особено значење е сите ние да продолжиме да учиме нови вештини, како и за работите кои нашите гости ги сакаат. Од самиот почеток, креиравме тим кој се состои од исклучителни и искусни луѓе. Најголемиот дел од нашите вработени се Македонци, многу имале шанса да работат надвор од земјата, некои од нив во други хотелски синџири и многу дојдоа со богатство од искуства од работата на крузери. Сите тие се талентирани и страсни во својата работа. Што е најважно – тие знаат како и ни помагаат на нас да создадеме искуства кои се паметат за секој гостин.
За крај, Ви благодарам за разговорот и што е она што секој кој патува во Македонија ќе го натера изборот за неговиот престој да биде хотел Marriott?
-Ако некој сака да патува брилијантно во Скопје, тогаш има само еден избор, Скопје Мериот. Брилијантното пречекување на гостите започнува тука, со тоа што нудиме посебна култура на услуги и се грижиме за секој детаљ.