Интервју

Како е да работиш како личен асистент на позната личност?

Познатите личности често знаат да бидат разгалени и да посакуваат да им се исполни секоја желба. Но, поради обврските мора да имаат личен асистент кој ќе им завршува некои важи работи во секојдневието.

Токму личните асистенти се оние кои треба да се достапни 24/7 за нив и да ги извршуваат сите желби. Со цел да воочите каква е нивната работа и да не им завидувате повеќе, ви го пренесуваме интервјуто на 25 годишната В., за магазинот Rafinery29. Сака да остане анонимна бидејќи работи за позната личност од филмската индустрија.



Колку долго си асистент на позната личност?

-Година и половина.

Како ја доби работата?

-Откако завршив се вработив во една веб страна за маркетинг и интернет продажба. Еден ден додека „дремев“ на Facebook налетав на една објава која ја имаше објавено моја соученичка, која бараше некој да ја преземе нејзината работа. Помислив дека сакам да ја напуштам работата и да ја заменам. Ја контактирав (иако никогаш не бев блиска со неа) и многу ми е драго што го направив тоа, бидејќи таа ми среди интервју! И така ја запознав мојата шефица – да ја наречеме Керен Кроун.

Всушност не сакав да бидам личен асистент, но моето момче ме натера да одам на интервју и заминав.

Како помина интервјуто?

-Одлично. По интервјуто си заминав од Њујорк за да бидам дома за Денот на благодарноста. Цели две недели не слушнав ни глас од Керен. Бев под стрес и во тој момент ја сакав работата бидејќи ја запознав и сфатив дека е добра личност. Бев возбудена поради тоа што ќе си заминам од претходната работа. Потоа решив да и напишам и ѝ пишав: Драга Керен Краун, ти си нова во Њујорк и имаш потреба од мене. Мислам дека ќе ти бидам од огромна помош при откривање на градот.

Ни јас не бев одамна во Њујорк, таму живеев само шест месеци. Но, тоа требаше да се напише за да тргне работата. Ми врати по 30 минути: Во право си, примена си. Ќе те интервјуира мојот продуцент кога ќе се вратиш. Дојди на помош.

Колку заработуваш?

-Се договоривме на 48.000 долари, што е околу 15.000 долари повеќе од претходната работа, но кога погледнав во моите годишни приходи, изнесуваа точно 50.000 долари. Не знам како се случи тоа, но беше пријатно изненадување.

Дали со таа плата имаш добар живот?

-И да и не. Се уште добивам некоја месечна помош од родителите и тоа навистина ми помага. Ми помагаат при киријата, бидејќи морам да живеам во центарот на Менхетен според работните обврски, а таму кириите се навистина високи.



Дали се плашиш од твојата шефица?

-Да, дефинитивно. Мислам дека не треба да се плашам, на пример, имам специјален рингтон на телефонот за неа и кога ме бара, дури и да е само една порака за заблагодарување, срцето ми запира за миг. Порано ме караше и не беше воопшто забавно. Плус, како личен асистент на позната личност, работиш за некој кој е навикнат да го добива она што го сака. И ако се спротивставиш на тоа, стануваш непријател. Може да биде многу љубезна и благодарна жена, но не кога не ги исполнуваш нејзините високи очекувања. Ако не сум брза, артикулирана, ако не исполнувам некоја работа како што треба... Има многу подеми и падови. Живеам во постојан страв од неа.

Кои се најекстравагнтните барања од неа?

-Секое барање е екстравагантно, бидејќи мора да се направи веднаш. Постојано чувствувам внатрешна паника за секоја задача. На пример, ќе излезам и ќе и купам 10 фустани, а по една недела ќе видам дека не пробала ниту еден од нив. Неодамна побара да ѝ купам белегзија од Barneys. Немам службена кредитна картичка, а белегзијата чинеше 16.000 долари. Не можам да си го дозволам тоа, па морав да ја побарам нејзината картичка. Ми ја даде како и секогаш, но навистина е непријатно да ја побараш.

Еднаш ме побара во 6 часот наутро, бидејќи не можела да си влезе дома, го заборавила клучот. Ја видов пораката, станав и ја повикав кај мене.

Често сака да и го шетам кучето цели четири часа, но тоа е само затоа што не го сака дома. Тоа е многу долго време да се шета непослушно куче, особено кога е зимо.

Дали работното време ти почнува типично од 9 до 17 часот?

-Не. На почеток не знаев кога ми започнува или завршува. Некогаш чекав по три дена за да ми се јави. Некако морав сама да си направам распоред. Сега одам кај неа во 11 часот за да го прошетам кучето, го враќам назад и ако е таа таму, разговараме, па можеби и ќе треба да завршам нешто. Некогаш по цели денови гледам филмови за да помине време. Никогаш не знам кога ќе ми заврши денот. Мојата работа дефинитивно зависи од нејзиното расположение. Јас сум на повик, исто како доктор. Не како хирург, туку како доктор по итна медицина.

Дали некогаш чувствуваш дека и го нарушуваш нејзиното место?

-Постојано. Во нејзиниот стан сум од моментот кога ќе се разбуди до моментот кога ќе легне да спие. Знам сè што сака и што не сака, па знам многу работи за неа што е голем проблем. Јас сум наметлив дел од нејзиниот свет.

Постои ли граница и ако има која е таа?

-Границата не е јасна. Јас дефинитивно ја преминав. Сфатив дека како личен асистент на некој важен, таму си за да ги исполниш нивните идеи, мислења и верувања. Таму сум за да потврдам сè и тоа е.. збунувачки! Јас сум пријател кој работи за неа и постојано сум на нејзина страна. Тоа е толку заморувачки. Колку и да ме прашува за моето мислење, она што и го кажувам сигурно не е мое.



Што очекуваш од оваа работа?

-Па имам многу врски и завршувам некои административни работи, па знам дека ако решам да си одам, таа ќе ми помогне да застанам на нозе. Ќе ми помогне да најдам работа каква што сакам или барем ќе ми даде надеж. Со тек на време ќе сфатам што сакам.

Како се чувствуваат твоите родители и момчето што работиш за позната личност?

-И тие и јас бевме многу задоволни од работата. Но, откако почнав да се нервирам, ентузијазмот го снема. Ме охрабруваат да ја напуштам.

Што е она што најмногу те фрустрира?

-Што немам распоред и не знам за што ќе и требам.

А кои се предностите?

-Да не бидам контрадикторна, но имањето на флексибилен распоред. Способна сум да работам според мои планови и благодарение на тоа, имам врски во кои сум заинтересирана да се впуштам. Имам доживотно право да користам Diptyque свеќи, производи за убавина и пристап до филмови кои се уште не се објавени.

Колку работи знае шефицата за тебе?

-Многу. Отворена сум што мислам дека и се допаѓа. Го знае моето момче, ми ги има запознаено пријателите и чудно е што некои ни се заеднички. Не сака да ме изневери, бидејќи познаваме заеднички луѓе.

Кој момент е оној кога си горда на себе?

-Секогаш кога прашува за мое мислење. Неодамна ми даде еден проект, кој беше неверојатен. Истакна колку и требам да ја импресионирам и дека не може да ми помогне во процесот. Кога го завршив проектот, беше воодушевена. Тоа беше одлично. Потоа сакав уште. Но, расеана е и не знае како да ме впушти во некои работи. Не секогаш знае како треба со мене.



Дали се сметаш себеси за уметник?

-Да. Посетував училиште за филм и се уште се трудам да направам кратки филмови. Многу сум визуелна, дури и во секојдневниот живот. Мислам дека и таа мисли на мене како на уметничка личност. Има неколку слики од мене во нејзиното гостинско купатило. Иако не оди во тоа купатило.. дури ни никој не оди во тоа купатило, јас сум среќна за тој гест.

Која е твојата работа од соништата?

-Кинематограф, креативен директор или уметнички режисер. Имам толку многу таленти во организација и продукција, што чувствувам дека сакам да работам на големи проекти во иднина. Односите со луѓето е исто така нешто во што сум добра. Ја изострив мојата вештина за да извлекувам идеи од други луѓе. Мислам дека можам да им помагам на луѓето да ги пренесат идеите во нешто конкретно. Шефицата се шегуваше дека мојата нова работа ќе биде како креативен советник, откако нема да работам повеќе за неа. Постојат неколку проекти на кои работам и сакам прво да ги завршам па потоа да променам некои работи.

Сакаш ли да имаш твој личен асистент?

-Искрено не мислам дека ми треба за секојдневни обврски. Уживам во пазарувањето и не сакам некој да ми се мота дома. Дури не сакам ни моето момче да носи одлуки за мене. Ако имам личен асистент може да биде корисен за организирање на големи групи на луѓе и може да ми го шета кучето, но дефинитивно не сакам некој кој ќе ми го менаџира мојот живот.

Дали можеш да кажеш дека ја сакаш работата?

-Работата како личен асистент е како да си во дисфункционална врска. Кога таа внимава на мене или бара мое мислење, ме облева светлина и мислам дека никогаш нема да ја напуштам. Но, кога не зборувам со неа со недели и сум оставена во темница, чувствувам дека залудно си го трошам времето. Полудувам кога не работам.

Дали ти се допаѓа работата на твојата шефица?

-Таа е позната личност, а јас не сакам да сум позната. Но, бидејќи е позната има предност од лесно пренесување на идеите или соништата во реалност која ја посакува. Има луксузност за која и завидувам. Да имаш многу пари и да го купиш сето она што го посакуваш е неверојатно. Но не, не сакам да сум толку многу изложена во јавноста. Изгледа многу исцрпувачки и нервозно.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.06.2016 08:52:28