Интервју

Жените сакаат еднаквост и правда

Моќниот вокал на Алиша Кис конечно се врати на музичката сцена по цели 4 години, од последниот албум „Girl on Fire“. Овој пат, како што вели самата Алиша, објави албум кој е доволно суров и реален за светот во кој живееме. Албумот ќе го објави летото, а овие денови објави нова песна „In Common“. Со читателите на The Talks сподели дека работела напорно на албумот и тоа во рок од две недели успеала да напише 20 песни.

Интервјуто ви го премесуваме  во целост:



Зошто се одлучи за пишување?

Уште од малечка пишувам работи кои ми се мотаат во глава, на некој начин правам простор, бидејќи од никогаш не сум била добра во комуницирањето очи во очи. Постојано морам прво да го запишувам тоа, на некој начин да го разберам па потоа да може да зборувам за истото. Мора да го извадите тоа од себе, од вашата глава, од вашиот пат за да го разберете. Имам многу дневници и ја обожавам хартијата, фанатик сум и сакам книги кои имаат празни страници.

Дали и денес имате свој дневник?

Не – што е многу чудно! Токму синоќа додека си го миев лицето пред легнување размислував за ова. Поминав многу убава вечер, бидејќи го славевме роденденот на мајка ми. Син ми Иџипт беше таму и мислев колку ми е убаво па навистина помислив да започнам нов дневник. Размислував и за тоа како да најдам време за да запишувам работи секој ден.. Но, морам, затоа што тоа е толку добро. Некои од моите песни се за работите за кои лично сум сакала да зборувам за нив и сум ги „вадела“ од дното на мојата душа.

Тоа некогаш може да биде многу лично. Колку и придаваш важност на твојата ранливост?

Ова го учам сега! Сигурна сум дека луѓето кои толку многу знаат да ги чувствуваат нивните чувства, кои може да се расплачат многу лесно, бидејќи знаат да се поврзат со нечија друга болка или не им е гајле што ќе кажат другите за нив и само искрено си кажуваат каков им е денот – се најсилните луѓе кои јас ги познавам. Мислам дека не го живееме целосно животот поради тоа  што се лишиме од чувствата кои што не ги чувствуваме и искусуваме целосно.



Многу често луѓето зборуваат за еманципирање на жените при што употребуваат карактеристики типични за мажите, додека плачењето се смета како знак на слабост.

Точно. Нашите момчиња и млади мажи никогаш нема целосно да се изразат. Ако се расплачат веднаш ќе слушнат изрази од типот „Зошто си толкав слабак?“. Еднаш ако се искажат како се чувствуваат, веќе ве сметаат за ранлив човек, но така се созрева. Способни сте да станете посилни бидејќи си велите во себе „Ова сум јас, ова го чувствувам, ова сакам да бидам, а ова сакам да го исфрлам од себе.“ Но, ако никогаш не добиете шанса да се искажете или да почувствувате, никогаш нема да се искачете скалило погоре. Јас сметам дека го научив тоа и тоа е навистина еманципирање! Во минатото бев затворена и не дозволував да созреам, бидејќи не си дозволував  да бидам ранлива.

Кога влезе во музичката индустрија беше само тинејџерка, па може да замислам дека оттогаш си научила многу.

Беше природен прогрес за мене и мислам дека за сите е така, но кога за прв пат влегов во музичката индустрија тоа ми беше шок и целосно различен свет. Многупати мислев дека мора да сум совршена, да изгледам совршено, да звучам совршено и да зборувам совршено.

Забавната индустрија многу осудува

Постојат многу осудувања во светот. Уште од денот кога почнуваме да одиме на училиште се осудуваме меѓусебно. Се осудуваме и на работа и како да се натпреваруваме. Во денешно време тоа го правиме и на социјалните медиуми и гледаме дека сите ќе не осудуваат, ќе ни кажуваат што мислат за нас, што не им се допаѓа – и тоа едноставно е премногу. Мислам дека осудувањето му се случува на секого, без разлика каде одиме и кои сме.

Како се справуваш со една таква околина?

Па, наместо да се опуштам и да бидам она што сум и да си кажам „Па добро, нема сите да ме сакаат мене“, повеќе сум затворена и загрижена за тоа што мислат другите за мене. Но, со тек на време растеме! (се смее) Тоа е тоа! Растеш и сфаќаш дека не е битно мислењето на секој поединец. Почнуваш да мислиш помалку. Мојот нов албум е токму за кршењето на тоа и редефинирање на кој си и кој сакаш да си. За животот каков што треба да биде, а не да ни налагаат како треба да биде. За несовршенството и реалноста на тоа кои сме навистина како луѓе и славењето на вистината, а не на некои глупости.



Дали чувствуваш дека тоа се подобрува во забавната индустрија?

Често разговарам со жени кои се во бизнисот и откривам дека тие се уште се во позадина. Постои дискомфорт или страв да си дозволиме на нас како жени да се издигнеме на следниот чекор. И очигледно има толку многу проблеми со еднаквоста што ми изгледа како едно лудило, бидејќи колку поголеми разлики има толку посилен е бизнисот. Но, за жал, многу личности се многу архаични во нивното размислување, па чувствувам дека се уште постои предизвик за сите нас. Се уште мора да работиме силно, посилно од мажите и повеќе да се докажуваме од нив. Тоа е многу фрустрирачки, но исто така знам дека ова е време на жените – па ако тоа не го знаете, подобро е да започнете да го разбирате! Бидејќи ќе заостанете позади. Па, дефинитивно гледам едно подобрување во светот што се однесува до оваа тема.

Силата на забрзување изгледа дека почнува да бира.

Да, одиме кон тоа што веруваме и што заслужуваме, па веќе не седиме на задното седиште. Исто така гледам како ние како жени се залагаме заедно и го поплочуваме патот за следните генерации. Време е за тоа. Бидејќи, искрено, мажите доста време си играа со светот! Ги сакам мажите, но знаете што мислам? (се смее) Си го сакам мажот ми, имам два сина и сакам да им помогнам да сфатат дека жените ја имаат силата во нивниот живот и сакам да ги славам жените во нивниот живот. Како што продолжуваме да го правиме тоа и да ја менуваме таа енергија, тоа ќе се разбира постепено и природно. И како жена, мислам дека ако сум способна сама да ги спуштам моите ѕидови и да чувствувам подлабоко која сум во овој свет, а тоа ме тера повеќе да пишувам.

Дали сметаш дека твојот нов албум е политички?

Се она што се случува околу нас во светот е конверзацијата на овој албум. За прв пат мојот албум е суров и вистински. Сите размислуваме за тоа повеќе. Не ни е добро да седиме позади и да дозволиме општеството или владините органи да ни кажуваат што се случува. Гледаме со нашите две очи, зборуваме за тоа и му се спротивставуваме на тоа. Сакаме еднаквост и правда. Без разлика како ќе се искажете, ќе излезе од вас. Не може повеќе да се воздржувате!

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.05.2016 09:10:13