Интервју

Уживам во професијата на порно актерка

Дени Даниелс ужива да снима порно филмови. За неа нема ништо подобро од тоа да имаш секс со различни мажи и жени и притоа да бидеш платен за тоа.

Признава дека професијата на порно актерка претставува проблем кога некој е во врска, но и покрај тоа не би се откажала од она што го работи. Гледајќи од посветлата страна на нештата, ако еден ден се омажи, нема да се кае поради тоа што не бакнала девојка или немала групен секс.

Како реагираат твоето семејство и пријателите на твојата работа?

- Мајка ми ми е најголем обожавател. Секогаш ми се јавува за да ми каже колку е горда на мене. Тоа ме тера на смеење бидејќи онаму од каде што потекнувам, луѓето не зборуваат за сексот. Се додека сум безбедна и среќна, таа не се грижи за мојата работа затоа што е интелигентна и отворена жена. Сите мои пријатели и соученици знаат за тоа и не прават проблем. Опкружена сум со добри луѓе и најлошото нешто што ми го направиле е да ме исмеваат затоа што носам бисерен ѓердан на фотографијата од средно.

Како од обична и срамежлива девојка се трансформираше во една од најбараните порно актерки? Можеш ли да се каже дека имаше нормален живот пред да запливаш во порно водите?

- Нормално...Бев на колеџ, се запишав во уметничко училиште, па потоа се отпишав бидејќи беше прескапо. Почнав да работам како стриптизета за да си ги платам студентските заеми. Разбрав дека можам да бидам порно ѕвезда и да спијам со жени. Ми се допадна идејата затоа што сум бисексуална. Заминав во ЛА, потпишав договор со агент и почнав да имам секс со жени за пари. Никој не ме тепаше, не ме силуваше и слично. Немав распаднат дом...Различно е што пораснав со две мајки, но за мене и тоа е нормално.

Каков ти е пристапот кон жените, а каков кон мажите кога станува збор за порно филмовите?

- Сакам да зборувам со жените и да дознаам што сакаат, а што не за да можам полесно да ги доведам до оргазам. Тоа е она што ме возбудува. Додека со мажите сакам да бидам потчинета и мажот да води. Во кратки црти, сакам да ги задоволам и мажите и жените.

Колку уживаш во сексот додека си на порно сет?

- Секогаш свршувам по неколку пати и никогаш не глумам лажен оргазам. Не сакам луѓето да мислат дека ми е убаво со нив, кога немаат идеја што прават и се за никаде во својот пристап. Ако морам, се самозадоволувам за време на снимањето. Во суштина секогаш свршувам и немам проблеми од таква природа.

Што најмалку ти се допаѓа во твојата работа?

- Сите мислат дека сум глупава и се однесувам како идиот. Кога момчето вели дека излегува со мене, а луѓето не ме виделе, сите мислат дека сум русокоса со лажни цицки. Тажно е. Не се срамам да имам секс за пари, си ја сакам работата. Кога сум во соба со интелектуалци сите мислат дека јас сум најглупавата во собата. Има девојки кои се глупави, не велам не, ама во секоја професија има такви.

Некои луѓе сметаат дека порното е деградирачко за жените. Кој е твојот став?

- Мислам дека сите имаат право на свое мислење. Јас не се согласувам со тоа. Ако ништо друго порното ми даде голема самодоверба. Луѓето што ме знаат од средно не можат да поверуваат дека срамежливото девојче се претворило во порно ѕвезда.

Многу актери не сакаат да го гледаат она што го снимиле. Дали истото важи и за тебе?

- Да, многу ретко си ги гледам филмовите. Сакам да се гледам како глумам, но кога ќе започне сексот го прекинувам филмот. Имам некои домашни сцени кои мошне ми се допаѓаа и кои ги чувам на својот лаптоп. Тие ги обожувам!

Што е со врските и приватниот живот? Може ли да се одржи сериозна врска со оваа работа?

- Момчињата не го сакаат тоа што имам секс со многу мажи. Непријатно им е, несигурни се. Имам секс со мажи кои имаат огромни пениси и тоа ги нервира моите момчиња. Тоа иритира...Сепак, го разбирам однесувањето. Има повеќе фактори како љубомората, големината, фактот што сите негови пријатели ме виделе гола. Тоа не може да се игнорира и во една сериозна врска тешко е да се носиш со сиот тој багаж. Освен тоа сите мои партнери мора да се прегледуваат, затоа што ако ме изневерат и ми пренесат некоја инфекција можам да ја загубам работата. Сакам моето момче или девојка редовно да се тестираат бидејќи сум одговорна личност, но тие гледаат на тоа како на недостаток на доверба во врската.

Кој е твојот совет за сите оние кои сакаат да се обидат во порно индустријата и да започнат кариера во филмовите за возрасни?

-Ова се модерни времиња. Сите ќе дознаат со што се занимавате. Пред да започнете било што, треба да се помирите со овој факт. И не правете го тоа само за парите, туку затоа што го сакате сексот. Во спротивно нема да ви се допадне.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.03.2016 08:27:30