Интервју

Бидете авантуристи и отворени кон храната

Витни Реист е нутриционист, готвачка и блогерка на нејзиниот познат блог Sweet Cayenne. Како професионалец таа поминува голем дел од денот како личен готвач кај одредени клиенти, но подготвува и здрави, вкусни оброци кои секојдневно ги објавува на блогот. Токму поради нејзините здрави навики, решивме да ви го пренесеме нејзино интервју, кое ќе ви помогне при секојдневната здрава исхрана.



За почеток, што те натера професионално да се занимаваш со нутриционизам?

За тоа е виновна мајка ми. Таа направи целосна промена на нашето фамилијарно мени уште кога почнав да одам на училиште. Навистина без изненадена од тоа и секојдневно и помагав при готвењето. Тогаш сфатив дека тоа е она што сакам да го изучувам.

Кој ти е омилен дел од работниот ден?

Сакам кога одам дома кај моите клиенти и сум пренатрупана со работа во нивната кујна. Исто така, возбудлива ми е целата интеракција лице во лице со нив. Обожавам кога ме прашуваат за тоа како ги подготвувам повеќето рецепти.

Што ти е најголем предизвик како нутриционист?

Најверојатно да мотивирам некој да ја постигне целта, а тоа е здрава исхрана. Ако нема мотивација, најверојатно нема да се случи ни промената, што на моменти знае да ме извади од кожа.



Она што сите сакаат да го знаат е како еден нутриционист се храни? Дали има посебен режим на исхрана?

Лично јас ја преферирам медитеранската исхрана базирана на храна која доаѓа од растенија и храна која што е минимално преработени. Исто така, вегетаријанец сум, но како готвач сакам да бидам отворена за нови идеи и секогаш авантуристички и приоѓам на храната. Клучна е умереноста и избирањето на високо квалитетни состојки, кои ви се вкусни за јадење.

Да кажеме дека треба да одиш на пуст остров. Кое овошје, месо и состојка ќе ја понесеш со тебе и зошто баш тие?

Ако заглавам на остров, ќе ми треба оган за да преживеам, така? Кога мислам на овошје и оган, мислам на ананас. Ананасот е превкусен подготвен на оган – треба и вие да го пробате. Рибата ми изгледа како најлогичен избор на месо, бидејќи имам цел океан со риби на располагање. И на крај... кафе! Никој не може без кафе.



Ако треба да консумираш само едно јадење до крајот на твојот живот, што би било тоа?

Пица! Направена на неаполски стил и која се јаде во Италија, неаполска пица.

Како ги охрабруваш твоите клиенти да балансираат помеѓу здравата исхрана која треба да се практикува почесто и консумирањето на оние нездравите состојки, кои не се наоѓаат лесно на менито од нутриционистите?

Им велам да практикуваат 80/20, односно 80% од времето да консумираат здрави намирници, додека останатите 20% од времето ако се на некои прослави или собири може да консумираат и од оние нездравите намирници. На пример, ако јадете три оброци дневно седум дена, тоа се 21 оброк неделно. Па може 17 оброци (80%) да бидат здрави, а останатите четири може да јадете сè што сакате без да чувствувате грижа на совест.

Кои се твоите оброци кои ги консумираш во тие 20% од времето?

Сакам да јадам закуски за вечера од време на време, а најмногу консумирам некој вид на сирење.



Повеќето луѓе сметаат дека јадењето здрава храна е досадно, механичко и неинтересно. Што правиш за да ја избегнеш досадата во исхраната?

Јас сум авантуристички јадач. Често вкусувам нова храна, нови вкусови и пробувам нови готвачки вештини. Бидете отворени кон храната!

Иако можеби одговорот е очигледен, но од професионална гледна точка дали е важно да се храниме здраво за телото да ни биде во солидна состојба?

Апсолутно! Тоа е многу важно! Здравата исхрана може позитивно да влијае во градењето на самодоверба, зголемувањето на енергијата и пред сè врз вас самите.



Според тебе, што сметаш дека е најдобар совет кое повеќето луѓе треба да го слушнат?

Сите продукти може да се вметнат во една здрава исхрана! Да, буквално сите. Исто така, она што е здраво за една личност, можеби не е за друга. Добрата прехрана не треба и не може да биде една груба проценка која се однесува за сите луѓе.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 05.03.2016 08:33:42