Магента - приказна која ќе ви ги разубави празниците
Македонски Телеком го прослави воведувањето на новиот бренд ТЕЛЕКОМ со претставување на новата понуда Magenta 1 која веќе 3 месеци бележи огромен успех на пазарот, а интересот на граѓаните за понудата е со постојан интензитет.
Со промената на навиките на корисниците во начинот на користење на комуникациските услуги во прв план изби потребата сите услуги да се користат постојано, од било кој уред и без разлика каде се наоѓаш, а поддржано со постојаниот напредок на технологијата, беа водечките насоки по кои се градеше Magenta 1 концептот.
Ги запрашавме корисниците како дознаваат за оваа атрактивна понуда на Македонски Телеком и еве што ни рекоа.
- Рекламата за Magenta 1 е навистина интересна и привлекува внимание, а освен тоа ме натера да дојдам и да се распрашам за да дознам уште повеќе за оваа најнова понуда од Телеком, смета Димитар, кој како задоволен корисник на 3 Max реши да премине во Magenta 1 и да продолжи да ужива во најдобрата MaxTV телевизија, која нуди доста атрактивни содржини.
|
Димитар - корисник на Magenta 1 | |
Кое е вашето мислење за истата? Дали сметате дека Magenta 1 е вистинскиот избор за вас?
За да направите добра одлука, дозволете да ве воведеме во понудата малку повеќе.
|
Разговаравме со Филип - продажен агент во Телеком | |
Со Magenta 1 добивате сé што му треба на вашето семејство:
- 2 постпејд броја со неограничени разговори, супер брз 4G мобилен интернет, Mobile MaxTV и LOOP дигитален фото албум,
- Најбрзиот интернет за дома
- MaxTV најдобрата телевизија со многу спортски содржини.
- Корисниците имаат можност да одберат еден од S, M или L пакетот, кои нудат различни погодности, а за склучен договор на 24 месеци добиваат и 20% попуст на месечниот надомест.
Во моментов најбарана е М понудата, а добивањето на една сметка ја сметаат како огромно олеснување во менаџирањето на семејните трошоци, ни објаснија Марга и Филип, луѓето задолжени за продажба во Телеком. Секако да не ја заборавиме и можноста да добијат смартфон по супер цена.
|
Марга - задолжена за продажба во Телеком ни објасни некои од предностите на Magenta 1 | |
Кога зборуваме за смартфон по супер цена, забележавме дека главната порака во Новогодишната промоција е смартфон, таблет или телевизор за 1 денар. Што всушност претставува тоа?
- Со Magenta 1 воведовме уште една можност која претставува голема поволност за семејството. Тоа е можноста да одберат наместо да купат апарат со секоја мобилна линија засебно, да добијат фамилијарен буџет кој ќе го искористат за купување на уред по сопствена желба. Буџетот може да се искористи буквално за сè, дали е тоа некој поскап телефон, или пак телевизор! Во зависност од големината на буџетот корисниците може да изберат супер смарт телефон, таблет или телевизор за само 1 денар. Доколку цената на уредот е повисока од доделениот буџет разликата може да се плати на рати или пак со поените собрани со Мој клуб, објаснува продажниот асистент во салоните на Телеком, Гордан.
Ќе завршиме со Димитар и Невин кои решија да споделат со нас зошто одлучиле да преминат на Magenta 1.
Одлучив да го вклучам пакетот Magenta 1, бидејќи ќе се сменат многу работи. Ќе имаме 4G интернет, кој е мошне брз, бесплатни разговори од фиксен телефон кон сите фиксни мрежи, а ќе избереме и некој уред од оние кои ни се нудат, изјави Невин, која до сега користела еден од пакетите на MaxTV.
|
Гордан - продажен асистент во салон на Телеком | |
И Димитар, кој исто така е постоечки корисник на 3 Max, како и на мобилни услуги, сега, благодарение на дополнителниот 4G мобилен интернет ќе имаат многу побрза конекција кога е во движење.
- Со новиот Магента пакет, интернетот ќе лета и ќе можеме да го користиме буквално за сè, додава тој.
Корисниците со кои разговаравме во некои од салоните на Телеком, велат дека се задоволни од услугите и им даваат чиста 10-ка! Ако сакате и вие да уживате во оваа понуда, дозволете си да ве понесе Magenta магијата и дочекајте ги празниците подготвени!
Извор: ИДИВИДИ
Објавена на 19.12.2015 08:13:32