Интервју

Лудо се забавувам во CSI Cyber

Фановите, особено, тие кои израснаа во 90-те најдобро го препознаваат Џејмс ван дер Бик по улогата на Доусон Лири во тинејџ серијата Dawson's Creek, но публиката има можност повторно да го види на „малите екрани“. Неговиот нов ТВ предизвик е новата супер серија, а Џејмс ван дер Бик го игра Илајџа Мундо во популарната серија „CSI Cyber “, па пред втората сезона, која може да ја гледате на Pickbox, премиум телевизиски пакет достапен за MaxTV корисниците, ни одговори што нѐ чека и како се чувствува на снимањето и што можеме да очекуваме во самата сезона.



Кој е специјалниот агент Илајџа Мундо?

„Илајџа Мундо е поранешен војник. Сега се придружил на ФБИ. Мислам дека тој е тип што секогаш мора да биде активен. Мора да биде зафатен, корисен, услужлив, и мислам дека таквата луда работа е совршена за него.“

Нешто повеќе за специјалниот агент Илајџа Мундо.

„Некој како него има многу проблеми со врските, има поранешна сопруга и млада ќерка што ја обожава, знаете, забавно е да го играте. Добро момче е.“

Што е најдоброто при толкувањето на ликот Илајџа Мундо?

„Лудо се забавувам. Кога како дете сакате да станете актер, си замислувате дека ќе правите вакви работи. Кршам врати. Нуркам во езера. Спасувам бебиња. Прескокнувам коли. Правам секакви работи што обично не ги правам во вистинскиот живот.“

Зошто треба да бидеме загрижени поради заканата од новите технологии?

„Имав многу страшни разговори со дел од вистинските стручњаци на ФБИ со кои работевме. Мислам, целиот свет е поврзан. Сите тие уреди се поврзани. Нашите животи се поврзани, а сѐ што е поврзано може да се хакира. Има многу луѓе со хакерски вештини, некои се добри, а некои не баш. Знаете, светот е навистина страшен и мислам дека сите се на работ да дознаат колку сме чувствителни на ваквиот вид злосторства.“

Епизодата 101, „Киднапирање 2.0“ почнува со необично киднапирање. Зошто оваа епизода е толку застрашувачка за родителите?

„Првата епизода го погодува секој родител во срце. Некој се обидува да хакира монитор за бебе за да го киднапира бебето. Единствената работа што родителите ја користат за да го заштитат бебето, да го надгледуваат, се користи против нив.“



Што мислите за неверојатниот сет за серијата „ЦСИ: Кибер“?

„Тоа е забавно. Моментално сме во нашиот главен центар за операции. Се наоѓа среде Вашингтон. Во многу епизоди тука ја минуваме целата ноќ. Забавно е да се работи тука, има многу нивоа, многу стакло, многу длабочина на кадрите. Одлично изгледа на снимките.“

Како новата технологија ќе помогне да се раскажат приказните?

„Неверојатно е тоа што можат ликовите да прават во таа просторија. Профилирање луѓе, извлекување работи, хакирање, а сето тоа се гледа на мониторите. Одличен е и начинот на кој функционира графиката во серијата, кога луѓето гледаат во лаптопот, не ја гледаме само сликата на лаптопот. Сите сме виделе како некој испраќа е-порака, но гледаме визуелно претставување, отстрана или од висина на нивните глави. Мислам дека во оваа серија се поместени границите за пренесување приказна за технологијата и за специјалните ефекти што одат со тоа. Целта е луѓето да можат да ги следат овие приказни. Луѓето можат да разберат што се обидуваме да хакираме, зошто има заштитен ѕид, што значи тоа. А нашата екипа за специјални ефекти смисли одлични визуелизации за да можат луѓето да се задлабочат во приказната.“

Дали е ова вистински миг за драма што се врти околу киберзлосторствата?

„За жал, серијата не можеше да биде снимена во подобар миг. Секој ден слушаме нова приказна дека некој нешто хакирал и дека некаде дошло до пробивање на безбедноста на интернет. Да, Ентони Зикер ја сними изворната серија 'ЦСИ' во вистински миг. Пред 15 години сите почнавме да учиме како да најдеме куршум и да откриеме детали и отпечатоци од прсти, како да ги склопиме делчињата од злосторството и да најдеме престапник со помош на старата школа за форензички техники, а тој сега ја применува истата проникливост за решавање на киберзлосторствата.“



Колку се реалистични приказните?

„Тоа е привлечното кај секоја епизода, сите работи против кои се бориме може да ви се случат и вам. Работата е во уредот што го поседувате. Тоа е однесувањето на кое сте навикнале, не ви паѓа на ум дека некој би можел да хакира нешто и да ви го упропасти животот.“

Што се случува во епизодата 106 „Огнен код“ откако хакирањето на хардверот му овозможува на пироман да најде нов метод што е потежок за откривање?

„Некој од далечина хакира печатач и го исклучува моторот за ладење, го загрева сензорот за боја во печатачот и така пали хартија. Подметнување пожар преку интернет. Тоа е лудо.“

Што се случува во епизодата 102 „CMND:/CRASH“?

„Некој хакира луда железница и тоа е прилично страшно.“

Како „ЦСИ: Кибер“ ќе ја изненади публиката?

„Серијата ЦСИ знае да раскаже приказна. Веќе 15 години раскажува забавни приказни кои претставуваат задоволувачко телевизиско искуство. Но мислам дека луѓето ќе ги изненади тоа колку е современа оваа серија, и не само што е современа туку е и на прагот на иднината. Можеби нема да слушнете за злосторства што се случуваат во денешно време. Можеби ќе мислите дека не можат да бидат извршени со помош на тие уреди, но можат. Тоа е зачинетиот поглед на целосно новиот начин на изведување на злосторствата.“

Како реагиравте кога ви ја понудија улогата на Илајџа Мундо?

„Кога ме повикаа и ми понудија да се придружам на една од најголемите телевизиски франшизи во телевизиската историја, да соработувам со Патриша Аркет, да се фатам во костец со новиот свет на киберкриминалот во серијата 'ЦСИ', да играм момче што крши врати, што става лисици на луѓе и води истраги, бев многу возбуден.“



Што ќе добие публиката во серијава?

„Сценаристите многу добро си ја завршиле работата, опишувајќи го светот на киберзлосторствата така што не прикажале само еден куп луѓе како зјапаат во монитор. Навистина ѝ дале динамичност на серијата. Преполна е со пресврти и со заплети. Тоа е нешто што публиката може да го сфати и да го следи, а може и да научи многу за овој сосема нов свет на хакирањето, за спемувањето и слични работи, и на крајот на краиштата, тоа е нешто за што е добар ликот на Патриша, да ги профилира луѓето што стојат зад овие киберзлосторства.“

Како Илајџа Мундо помага киберкриминалците да се изведат пред лицето на правдата?

„Тие луѓе некаде живеат. Тие некаде се кријат. Тие луѓе мора да бидат физички спречени, а тука настапувам јас. Тоа е, всушност, комбинација од новиот свет на киберкриминалот и стариот свет на борбата против криминалот.“

Како изгледа работата на серијата?

„Кога ќе потпишете договор за франшизата 'ЦСИ' чувствувате дека сте помеѓу големите играчи. Ја чувствувате тежината на тоа и колку сите околу вас се професионални. Но, кога првпат дојдов на снимање, се вџасив. Не можев да поверувам дека ќе го работам тоа. Импресивно е, супер е, ново, модерно. Се случува во сегашниот миг.“

Што најмногу ви се допаѓа во играњето на ликот Илајџа Мундо?

„Тој е маж. Типче е. Добро си ја врши работата. Ефикасен е, услужлив. Тој е поранешен војник што дошол во ФБИ за да ѝ помогне на една од најпаметните и најостроумни жени на светот, која ја игра Патриша Аркет.“

Уште нешто за ликот на Илајџа Мундо.

„Забавно е да си во негова кожа во овој период од мојата кариера кога ми е понудена улога на мажиште, затоа што многу се забавував редејќи разни работи во текот на кариерата. Имам играно во комедии, драми, тинејџерски мелодрами, а играњето на лик што решава злосторства е навистина нешто сосема ново. Многу е забавно.“

Колку бара улогата од физички аспект?

„Како дете сонувате да станете актер и замислувате дека скокате врз коли и дека кршите врати, дека скокате во реки и во езера за да спасите луѓе. Тоа го правам во серијава и многу е забавно.“



Зошто епизодата 101 „Киднапирање 2.0“ е толку шокантна?

„Нашиот став спрема киберзлосторствата е дека тоа може да ви се случи и вам. Во првата епизода ја допреа суштината на тоа што прават луѓето обидувајќи се да се заштитат себеси и своите бебиња. Некој ја хакирал камерата за бебе за да го украде бебето и да го продаде на црниот пазар.“

Зошто публиката ќе биде заинтересирана за серијата за киберзлосторствата?

„Киберзлосторствата се нешто што моментално се случува и имам чувство дека сме ја допреле само нивната фасада. Тоа им се случува на сите. Се случува низ целиот свет и нивните жртви веројатно погрешно ги толкуваат тие настани. Мислам дека сега е совршен миг за снимање серија за хакирањето и за престапите на интернет. Совршено е што тоа се прави низ раскажувачката призма на „ЦСИ“ со екипа што многу долго го прави тоа и е многу добра во наоѓањето реални ситуации што потоа се претвораат во еден час телевизиска забава. Сега е совршен миг за тоа.“

Како изгледа соработката со Патриша Аркет?

„Патриша Аркет долго беше една од моите омилени актерки. Настапив во една епизода од серијата 'Медиум' само затоа што сакав да работам со неа. Кода дознав дека таа учествува во снимањето, воопшто не се двоумев. Ја познавам приватно и знам дека е добра личност, но соработката со неа е вистинско задоволство. Таа е толку моќна. За толку мала личност, знае да зададе силен удар, и вистинско задоволство е да ја гледаш како работи, а особено да играш со неа во сцените, особено во сцените со распит, кога без зборови сфаќаме кој ќе го игра добриот а кој лошиот полицаец. Постојано ме изненадува со своите одлуки, особено во процедуралните серии. Важно е во главната улога да биде некој што постојано изненадува.“



Која е тајната на успехот на серијата „ЦСИ“?

„Мислам дека тајната на серијата 'ЦСИ' е во луѓето што работат на неа, од Ентони Зикер, создавачот на серијата, Џери Брукхајмер и Џонатан Литман, кој активно учествува во создавањето на секоја епизода, до Керол (Менделсон), Ен (Донахју) и Пем Виси кои соработуваат со сценаристите. Тие луѓе навистина го сакаат тоа што го работат. Тие сакаат да ја сторат вистинската работа, љубопитни се, сакаат да ги дознаат вистинските податоци. Сакаат сето тоа да го прикажат на забавен начин и тоа многу добро го работат. Искусни се и сфаќаат за што се работи.“

Колку е забавна серијата?

„Кога луѓето ќе ја гледаат серијава, ќе ги изненади колку добро можат да ја следат технологијата, а исто така ќе се изненадат колку се страшни киберзлосторствата и на колку начини злосторниците можат да им наштетат ним и на луѓето што ги познаваат. Нашата цел не е да ги исплашиме луѓето и да ги одвратиме од технологијата. Сакаме малку да ги едуцираме за да станат посвесни за тоа што може да се случи, но крајната цел е да ги забавуваме.“

Која е најважната работа што ја научивте додека го игравте ликот на Илајџа Мундо?

„Најважното што го научив е тоа дека сѐ што може да се поврзе на интернет може и да се хакира. Мислите дека поврзувањето на монитор за бебиња или термостат на интернет не е ништо посебно. Луѓето имаат паметни фрижидери. Сето тоа може да се хакира, па со самото тоа некому му се овозможува да дознае нешто за вас, а што ќе направи со тие податоци, тоа зависи од карактерот на таа личност. А има многу лоши луѓе.“

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 24.10.2015 09:54:13