Интервју

Со комедии до супер-херои

Пејтон Рид оваа година „влезе“ во универзумот на Марвел. По 15 години од режисерското деби со тинејџерската комедија Bring It On, Пејтон ни го претстави најновиот проект - Ant Man. Адаптацијата на истоимениот стрип е голем чекор за човекот кој до сега изгради кариера во жанрот комедија (Down with Love, The Break-Up, Yes Man), но како што објасни и самиот во интервјуто за Den Of Geek, самиот супер-херој не е непознат за него. Тој е фан на Ant Man уште од детство, а по откажувањето на режисерот Едгар Рајт да го режира филмот (поради креативни разлики), тој го прифати предизвикот.

Повеќе за самиот процес, инспирацијата, но и носталгијата од детството на Пејтон поврзана за Ant Man... Подолу...



Кога се приклучивте на проектот Ant Man, што точно ве привлече за филмот и ве мотивира да бидете дел од Marvel универзумот?

Познати ми беа ерите на Скот и Хенк во Ant Man, дури и во подоцнежната верзија на Ерик О’Грејди, а и јас бев дете кое порасна читајќи Marvel стрипови. Читав и DC Comics, но главно од Marvel, па сакав да снимам филм од Marvel, веќе подолго време.

Кога ми се укажа можноста за тоа, ја искористив. Отсекогаш ми се допаѓал самиот Ant Man лик, и како што знаете тој е еден од основачите на Avengers во стриповите. Ми се допадна и идејата Пол Руд да го игра ликот, а самиот факт дека Мајкл Даглас е Хенк. Мислам, има ли подобро од тоа? Ќе беше глупаво да не прифатев.



Како фан на Marvel, дали имавте специфична инспирација од дел од стриповите кога го прифативте проектот?

Да, имав повеќе. Дел од нив беа само слики од стриповите кои ги читав, а дел од инспирацијата лежеше и во карактерните особини на дел од ликовите кои мене ми се допаѓаат. Навистина сакав да го „доближам“ ликот на Хенк со тој од стриповите. Ми се допадна тоа што ликот е мотивиран од вина и од трагедијата во неговиот живот. Ми се допадна и тоа што тој е менторот во филмот, но и самиот има свои проблеми. Не е Оби Ван Кеноби, туку навистина има проблеми.



А во самата композиција? Очигледно Ant man не е само супер-херојски филм. Тоа е филм со грабеж, со акција исто така. Комплетно нови жанрови. Која беше инспирацијата во самата структура на филмот?

Се навратив на двете верзии на Ocean Eleven филмовите. Оригиналот со Френк Синатра и римејкот со Џорџ Клуни. Исто така и The Thomas Crown Affair, од 60-те, но и други филмови со кражби од 60-те и 70-те години.

Kога сме веќе кај Пол Руд, дали бевте изненадени од кастингот на Пол во улогата на екс затвореник и кримминалец? Тој е многу допадлив и шармантен актер кој често игра во романтични комедии...

Лично, не бев изненаден за неговиот кастинг. Мислам дека тој може сè да одигра па дури и криминалец. Тој може да глуми во комедија, акција, драма...Но, сакав во филмот да го претставиме неговиот лик како излегува од затвор. Со тоа сакав и публиката да си ги помести очекувањата од самиот актер. Во првите сцени од прикажувањето на ликот, тој е во темнина, во затвор и во средина на групна тепачка во затворот. Не е баш супер-херојски нели?



Измеѓу претходникот Yeas Man и сегашниот Ant Man поминаа 7 години. Дали сметате дека Ant Man може да ви „отвори врати“ за наредни идеи и филмови, кои побрзо би дошле во кино-салите?

Да, имам еден СФ проект на кој работам и го развивам веќе неколку години, а многу сме близу до првиот драфт на сценариото. Работам и на графичка новела наречена The Fifth Beatle, посветена на менаџерот на Битлси, Брајан Епстејн.

За жал морав да се разделам со компанијата со која го создававме и тој е сега вратен „на полица“ до следна прилика, но сакам да го комплетирам.



За крај, знаеме дека не може да се објасни во кратки црти, но има многу фанови кои би сакале да знаат како ги снимивте сцените со борба кога Скот е всушност Ant Man?

Сцените со смалување беа комбинација на... пааа вака...Ова е прашање повеќе за тимот на специјални ефекти, но ќе се обидам и јас. Ја снимивме акцијата во живо кога ликот е во нормална големина со актерите, каскадерите како што го снимавме и останатиот дел од филмот. Потоа ги снимивме истите тие сцени со ликовите (Пол или Кори) во motion capture, дигитално и компјутерски обработени и потоа ликовите вметнати во кадарот со намалена големина од оригиналната.

Сцената со борбата во хеликоптерот беше урнебесна исто така. Мислам дека нашата работа (мојата и на остатокот на тимот) е поразлична од целата останата работа на останатите Marvel филмови. Мислам дека ја нема до сега на ниту еден филм. Навистина се гордеам бидејќи бевме навистина инвентивни со тие сцени.

*Интервјуто со режисерот Пејтон Рид е превземено од Den Of Geek.

Извор:  0
Објавена на 25.07.2015 08:14:44